fbpx

Меѓународен поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар

-

Викендов во Гостивар ќе се одржи Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“. Избрани се најдобрите поети од конкурсот на фестивалот. Меѓу нив, покрај домашни, има автори од Хрватска, Србија и од Бугарија.

Организаторите на фестивалот велат дека се задоволни и од интересот и од квалитетот на пријавените поети. Изборот на најдобрите го направи комисија, чиј претседател е академик Катица Ќулавкова.

Отворањето на фестивалот е в сабота навечер во летниот амфитеатар на Кејот на Вардар. Наградите се доделуваат во недела на свечена манифестација во чест на 24 мај, денот на сесловенските просветители.

И во двата дена предвидена е богата програма со учество на средношколци и на уметници од Гостивар.

Сите пријавени поети кои учествувале на конкурсот ќе бидат застапени во заеднички алманах, кој ќе се промовира на манифестацијата.

Поетскиот фестивал во Гостивар го организираат Центарот за култура АСНОМ Гостивар и здружението „Културен бран“, со поддршка на Министерството за култура.

З.Д.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.