fbpx

Амбасада на САД: Тврдењата на Лавров се апсурдни

-

Апсурдни се обвинувањата дека Соединетите Американски Држави се вмешани во заговор за дестабилизација на Македонија, изјавиле од Амбасадата на САД во Скопје за „Нова ТВ“.

Реакцијата на Амбасадата на САД е во врска со неодамнешната изјава на шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, кој го обвини Западот дека стои зад актуелната политичка криза во земјата и врши притисок врз премиерот Никола Груевски.

– Неодамнешните обвинувања дека САД или некои американски организации се инволвирани во заговор за дестабилизација на Македонија се апсурдни. Соединетите Американски Држави сакаат мир и стабилност во Македонија, како дел од нашата постојната цел – „Европа цела, слободна и мирна“. Македонските граѓани и нивните лидери сакаат да се вклучат во ЕУ и во НАТО, знаејќи дека тоа е најдобриот пат за безбедна и просперитетна Македонија. Ние целосно се согласуваме со тоа – стои во реакцијата на Амбасадата на САД.

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, пред три дена, за време на неговото обраќање во Советот на Руската Федерација, рече дека зад притисокот што Западот го врши врз македонскиот премиер стои одбивањето на Груевски да воведе санкции кон Русија и поддршката на гасоводните проекти „Јужен тек“ и, сега, „Турски тек“.

– Се прават напори Владата на Груевски да биде обвинета дека не ги исполнува обврските кон народот, но зад тоа, всушност, се крие желбата да се изврши притисок во врска со неговото одбивање да се приклучи кон санкциите против Русија и во врска со поддршката за „Јужен тек“ и подготвеноста за соработка при реализацијатa на други алтернативи за транспорт на гориво, вклучувајќи го и таканаречениот „Турски тек“. Многу е тажно и опасно дека за таа цел се прават напори да се искористи албанскиот фактор. Пред многу години имаше сериозни спротиставувања и тогаш (во 2001 година) беше потпишан Охридскиот договор, а сега се зборува дека Македонија треба да се федерализира уште подлабоко, па дури се предлагаат идеи и да биде разделена, така што дел да биде даден на Албанија, а друг на Бугарија. Очигледно е дека македонските случувања се контролирани однадвор – рече Лавров.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...