fbpx

Заврши третото издание на поетскиот фестивал „Литературни искри“ во Гостивар

-

Викендов Гостивар беше домаќин на поети од различни генерации, од кои дел веќе афирмирани поетски пера, а дел автори чие време допрва доаѓа, а во рамките на третото издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“.

Во саботата вечерта поетите финалисти ги прочитаа своите стихови, а наградите беа доделени на свеченост во недела. Годинава Гран при наградата ја освои Слаѓана Ставрева од Скопје, поетеса, но и прозаист, автор на романот „Калдрма“.

– Чест е да се добие оваа награда. Истовремено за мене значи и обврска во натамошното творештво да го задржам нивото. Секоја чест за организаторите, се беше беспрекорно, да не знаев дека се одржува трета година по ред, ќе мислев дека постои најмалку триесет години – изјави Ставрева.

Првото место на фестивалот и припадна на Надица Тренчева од Кавадарци, второто на Митре Мангоски Радождански од Охрид, а третото го доби Митко Гогов од Струмица. За најуспешен странски поет беше прогласена Вања Савова од Бугарија, а за најмлада поетска искра Неврија Адеми од Гостивар.

Најдобрите беа избрани во конкуренција од над 120 поети од Македонија и балканските земји. Изборот го направи жирито во состав Бранко Цветкоски, како претседател и членовите Габриела Петроска и Адем Абдулаху.

На манифестацијата беше промовирана и заедничката збирка со 80-тина поети што конкурираа, по избор на жирито.

Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар го организираа Центарот за култура „АСНОМ“ со поддршка на Министерството за култура.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(АНАЛИЗА) Јавен сектор: вработени по етнички клуч и според образование

Во четири министерства застапеноста на етничките Македонци изнесува 70 отсто од вкупниот број на вработени. Во седум ресори застапеноста на етничките Албанци е над 30 проценти, пишува Порталб.мк. Во...