fbpx

Шекеринска: Наместо партиска коалиција, сакаме да формираме широк фронт

-

На 2 октомври ќе се одржи тематски, програмски конгрес на СДСМ, на кој ќе се решава каква ќе биде коалицијата што треба да го победи Груевски на изборите.

На конгресот на СДСМ, кој ќе се одржи на 2 октомври, делегатите на највисокиот орган на опозициската партија ќе расправаат за предлогот на раководството наместо „обична“ партиска коалиција, да се создаде широк фронт.

Конгресот на 2 октомври ќе има два дела. Во првиот дел ќе се расправа за чувствителното прашање за коалицирање, додека во вториот дел ќе стане збор за програмските приоритети на новата влада на СДСМ. Во средината на ноември ќе се одржи уште еден конгрес, на кој ќе се расправа за кандидатските листи.

„За разлика од некои други партии, особено од овие владејачките, кои листите ги прават во затворен круг и од страна на нивните извршни органи на не повеќе од десет или петнаесет луѓе, во СДСМ, одлуките и за носители, но и за дел од кандидатите на листите, се носат на конгрес“, изјавила Шекеринска за „Плусинфо“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.