fbpx

Судири пред амбасадата на Русија во Киев

-

По нападот на амбасадата на Русија во Киев, кој се случи во петокот вечер, денеска група млади лица се обидоа да го блокираат влезот во амбасадата, јавуваат украинските медиуми.

Неколку лица се обиделе да го блокираат влезот на зградата, а потоа почнале да ја туркаат оградата. Дошло и до судир со безбедносните сили во кои еден од напаѓачите е приведен.

Полицијата ја опколи зградата и не им дозволува на демонстрантите да стигнат до објектот на амбасадата.
Украинската полиција соопшти дека обезбедувањето на руската амбасада во Киев утринава било зголемено поради парламентарните избори во Русија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...