Шлепер - влечен воз БМЦ донација од Турција за АРМ за превоз на возила и транспортери и тенкови. Фото: Мин. за одбрана, 27 април 2021

Министерството за одбрана и Армијата на С. Македонија потврдија дека ќе се донираат тенкови на Украина. Се работи за тенкови од третата генерација. Засега не се знае колку тенкови ќе бидат донирани.

„Согласно донесените одлуки од страна на Владата, Република Северна Македонија во неколку наврати донираше воена опрема за Украина во согласност со нивните барања и потреби, а во координација со сојузниците. Северна Македонија како кредибилна членка на НАТО, во линија со сојузниците и партнерите, почитувајќи го територијалниот интегритет, суверенитет и правото на самоодбрана на Украина, притоа строго осудувајќи ја агресијата на Русија на Украина, ги донесе овие Одлуки да упати помош на Министерството за одбрана на Украина, со одредена количина на материјални средства“, велат во министерството.

Северна Македонија во наредниот период ќе изврши трансформација, односно расформирање на тенковскиот баталјон и ќе се пристапи кон воспоставување на модерни и современи противоклопни способности и капацитети во Армијата. Исто така се наведува дека во тек е проектот „Набавка на лесни оклопни возила на тркала“, согласно договорот со американската Влада, кој е започнат во 2019 година со склучување договори помеѓу Владите на Република Северна Македонија и САД.

2 Коментари

  1. Значи, Северна Македонија даје Украјини тенкове да се боре против руса, које су добили давно од Русије да се боре против терориста у Македонији!! Нема шта, морално и исправно. Треба да пошаљете и једно 10 хиљада војника да им помогну.

  2. Не манипулирајте, тенковите се купени од Украина, не се добиени како донација „давно од Русије“! Какви ботови сте неверојатно.

Напишете коментар

Внесете го вашиот коментар
Please enter your name here