fbpx

Сали: 560 ковид-пациенти биле третирани со хемофилтрација во „Жан Митрев“, ќе ни треба време за анализа

-

Министерот за здравство Беким Сали денеска изјави дека од клиниката „Жан Митрев“ ги добиле сите побарани материјали и најави дека дека за детален извештај ќе треба повеќе време.

„Се работи за 560 ковид-пациенти кои биле третирани со хемофилтрација. Ќе ни треба време за анализа на тие 560 досиеја коишто се обемни. Да бидеме реални 560 предмети ќе ни одземат доволно време за ние на јавноста на крај да ѝ дадеме конечен прецизен извештај што се случувало во Жан Митрев“, рече Сали.

Министерот одвоварајќи на новинарско прашање кажа дека ДСЗИ, Лекарска Комора, МАЛМЕД, Комисијата за интрахоспитални инфекции и Стручната комисија ќе работат на анализа на секој поединечен случај за индикациите за примена на хемофилтрација во третирањето на ковид пациенти и истакна дека притисокот е огромен од јавноста за брзо решение и брзи заклучоци на комисијата за овој случај.

„Целиот тој третман треба да се анализира од експерти, лекари коишто цел живот тоа го работат. Тоа се групи формирани од четири клиники: Кардиохирурија, Интензивна клиника, Инфективна и Нефрологија. Ќе го анализираат секој поединечен случај и мора да напишат извештај за секој поединечен случај“, рече Сали.

Министерот побара разбирање и простор за здравствените работници и институциите да ја работат својата работа и наглси дека не би сакал во ниту еден момент кој било еднострано да гледа на случајот, туку да се гледа од сите страни за да се донесе прецизен заклучок во врска со овој случај.

Основното јавно обвинителство Скопје пред десетина дена оформи предмет врз основа на инструментот на допрен глас, предвиден во Законот за кривична постапка по објавата на документарната емисија од Истражувачката репортерска лабораторија со наслов „Нечиста крв“  во која постојат индиции дека клиниката „Жан Митрев“ вршела клиничка студија со методот на хемофилтрација без да пријави, и без соодвоетно да ги информира пациентите, а обработуваа и смртни случаи кои се јавиле по појава на неколку опасни бактериски инфекции.

Обвинителството отвори предмет по сторијата на ИРЛ за „Жан Митрев“, од клиниката тврдат дека се работи за невистини

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...