Обвинителството отвори предмет по сторијата на ИРЛ за „Жан Митрев“, од клиниката тврдат дека се работи за невистини

-

Јавното обвинителство оформило предмет по епизодата „Нечиста крв“ што вчера ја објави ИРЛ, во која постојат индиции дека линиката „Жан Митрев“ вршела клиничка студија со методот на хемофилтрација без да пријави, и без соодвоетно да ги информира пациентите, а обработуваа и смртни случаи кои се јавиле по појава на неколку опасни бактериски инфекции.

„Веднаш по објавата на наведената документарна емисија, Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет врз основа на инструментот на допрен глас, предвиден во Законот за кривична постапка. Предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител кој ќе преземе дејствија за проверка на наводите од кои произлегуваат индиции за кривични дела против здравјето на луѓето“, потвдрија за Мета.мк од службата за односи со јавноста на ОЈО.

Од клиниката „Жан Митрев“ денес преку соопштение реагираа дека деновиве на социјалните медиуми „се објавени невистинити и наведувачки информации“ поврзани со работата на Клиничката болница Жан Митрев и д-р Жан Митрев.  

„Клиничката болница Жан Митрев успешно работи за добробит на граѓаните веќе 22 години, нудејќи им услуги сертифицирани по светски стандарди, професионална грижа во насока на подобрување на здравјето, што е докажано во безброј успешни случаи. Ваквиот пристап продолжи да се применува и во текот на светската пандемија предизвикана од страна на вирусот ковид-19, во кој период клиниката со многу труд волја и неизмерно себевложување од своите вработени придонесе за спасување на огромен број човечки животи“, се вели во соопштението од болницата.

Од таму додаваат дека се згрозени од, како што велат, „тенденциозниот говор на омраза употребен кон институцијата, како и од неточните наводи, односно од фабрикуваните информации кои единствено се насочени кон креирање на лажна слика во пошироката јавност за работата на Клиничката болница Жан Митрев“.

Од „Жан Митрев“ меѓу другото најавија и дека ќе преземат чекори во насока на искористување на сите правни можности согласно законите, а со цел да се спречат неосновани напади на институцијата.

Стотици нови пријави од граѓани добиле новинарите на ИРЛ по објавата на „Нечиста крв“

Антикорупциска покрена истрага за патувањата на функционерите во Вашингтон

По бројните реакции во јавноста, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори предмет за патувањето на македонските функционери на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, пишува Порталб.мк. „Државната комисија за спречување...

Трамп нареди објавување на илјадници класифицирани досиеја за атентатите на Џон Кенеди и Мартин Лутер Кинг помладиот

Американскиот претседател Доналд Трамп им нареди на функционерите да направат планови за декласификација на документите поврзани со три атентати - на Џон Ф. Кенеди, Роберт Ф. Кенеди и Мартин Лутер Кинг...

ТАВ Аеродроми: Нова директна авиолинија Скопје – Париз до аеродромот Орли

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, објавува дека „easyJet“, втората по големина авиокомпанија за летови на кратки и средни релации во Франција и со водечка улога во локалното поврзување, воведува нов директен...

Уште четири лица осомничени за терористичка организација

Под раководство на јавен обвинител, вчера била спроведено координирана акција на Агенцијата за национална безбедност и одделите за сузбивање на организиран и сериозен криминал и за специјални полициски операции, во рамки...

Антикорупциска покрена истрага за патувањата на функционерите во Вашингтон

По бројните реакции во јавноста, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори предмет за патувањето на македонските функционери на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, пишува Порталб.мк. „Државната комисија...