fbpx

Вистиномер: Нема докази за наводен секс скандал на Џастин Трудо со малолетничка

-

Приказната дека премиерот на Канада, Џастин Трудо наводно имал секс со малолетничка и ја принудил да потпише договор дека тоа нема да го објави, не е поткрепена со никакви докази. Гласините за тоа не се од јули 2022 година – кога е објавен постот што е предмет на нашата рецензија, туку датираат од изборната кампања во октомври 2019 година, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се вели дека премиерот на Канада, Џастин Трудо имал секс со малолетничка и ја принудил да потпише договор дека тоа нема да го објави.

13.07 2022
Премиерот Трудо имал секс со малолетничка и ја принудил да потпише договор за необјавување.

Меѓутоа, за ваквото тврдење нема никакви докази, се вели во постот.

Исто така,  оваа дезинформација не е нова – сегашна,  туку стара три години. На 19 октомври 2019 година медиумот „Нешнал Обсервер“ објави статија која опширно објаснува за непоткрепеното тврдење дека премиерот Џастин Трудо ја напуштил поранешната работна позиција како учител поради секс скандал. Таквото тврдење според медиумсиот напис, се проширило како оган на интернет и покрај тоа што не било поткрепено со ништо.

Според написот, веб-страница позната по тоа што шири дезинформации во Канада, објавила медиумски натпис во кој раширила лажна приказна дека гласините се точни и тоа се проширило до публика од 25 милиони луѓе.

За ова, Нешнал Обсервер пишува дека е класичен случај кој покажува дека има пропусти за тоа како во Канада може да се создаде одбрана против дезинформациите во текот на изборните кампањи.

Дезинформациите веројатно ќе продолжат да се шират, повеќе од домашни актери отколку од странски. Немаме механизам да одговориме, вели Фенвик Мек Келви, професор по комуникации на Универзитетот Конкордиа.

Сите овие непоткрепени гласини се прошириле во кампањата на изборите кои се одржале на 21 октомври 2019 година. За време на овој период, голем број на непоткрепени тврдења за Трудо циркулирале онлајн. Едно од нив е тврдењето за елитното приватно училиште во Ванкувер, каде Трудо предавал како професор неколку години пред да го напушти во 2001 и каде наводниот секс скандал се случил. На 7 октомври „Бафало Хроникл“ има објавено напис со кој се подгреваат непоткрепените тврдења.

Потоа не многу проминентен извор, магазинот „Госип Рег Френк“, објавил приказна која не се базирала на извори, дека Трудо можеби имал афера со мајката на ученичка во Вест Поинт. Потоа, писател на Твитер, без докази тврдел дека медиумските написи „се темелат на приказна дека Трудо спиел со тинејџерка“. Потоа писателот се извинил и рекол дека жали што го проширил лажното тврдење.

 

Никаква приказна со докази не била објавена во медиумите да го поткрепи тврдењето дека Трудо имал секс со малолетничка по што ја присилил да потпише договор за необјавување.

Потоа на прес конференција репортер на „Глоуб енд Мејл“ го прашал Трудо зошто си заминал од неговата работна позиција како професор. Одговарајќи на тоа прашање Трудо посочил дека продолжил со животот.

Поранешниот директор на училиштето Вест Поинт Греј, каде што Трудо работел, Клив Остин во соопштение за јавноста посочил дека нема вистина во сите шпекулации дека Трудо бил отпуштен, но ова не ја прекинало лавината дезинформации.

Напротив, секоја додадена гласина за Вест Поинт Греј додавала по уште една нова димензија на шпекулацијата. Либералната партија изјавила дека нема да коментира приказна од медиум кој има историја на ширење дезинформации и комплетни лаги.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека нема докази дека премиерот на Канада, Џастин Трудо имал секс со малолетничка и ја принудил да потпише договор дека тоа нема да го објави. Гласината не е од 2022 година кога е објавен постот кој е предмет на нашата рецензија туку од 2019 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...