Duviri Paradox е името на новата најавена “open world” експанзија за Warframe. Ако сте заинтересирани за алтернативни димензии во вселената, квантен свет каде се мешаат сегашноста, минатото и иднината, истовремени постоења на исто место во друго време низ кои се гледате на помлада возраст, бесмртност и смртност истовремено, преживување на еден ист ден до бесконечност додека навистина не направите драстична промена, тогаш “Дувири парадоксот” многу ќе ви биде привлечнa за играње.
Ова е тизер трејлерот за експанзијата објавен на TennoCon 2022:
Иако малку е познато за вистинската приказна позади оваа експанзија. Гејмерите извадија многу веројатни теории за што точно се работи во Дувири парадоксот, но освен официјалните информации, сето останато е на ниво на шпекулации сè додека не излезе експанзијата.
Уште во првата најава за оваа експанзија имаше неколку очигледни поврзаности за децата оператори на Warframe-ови кои имаат моќ преку својата свест да ги контролираат овие оклопи од кои пак некои имаат своја свест како Excalibur Umbra. Првата најава на оваа експанзија беше објавена уште во 2019 година и дури сега има нови содржини на истата тема.
Duviri Paradox нуди свет каде тие надарени деца стануваат возрасни. Додека во актуелниот универзум за нив времето тече линеарно, на Дувири планетата наоѓаат бесмртност како и предизвици со полуфејзирани воини (нешто како “технолошки самураи” со никани).
Всушност во Дувири парадоксот учите сами од себе како дете додека сте возрасен, но бидејќи сте од посебните деца со посебни умствени моќи, влегувате во играта како во “loop”.
Иако станува збор за отворен свет и за добра графика овде светот е црно-бел, а станува обоен со природни бои кога контактирате со своето „друго јас“ или предмети поврзани со „другото време“.
Следното видео, иако е официјално, може да ви направи „спојлер” за играта и да ви открие премногу, но тоа се информации кои девелоперите веќе ги споделија со Tenno заедницата (друго „хип“ име за играчите на Warframe).
Всушност, “Дувири парадоксот” е приказна за бесмртноста на операторите на Warframe-овите и за нивното специјално постоење на „другата страна“.
Експанзијата е најавена да излезе во периодот помеѓу крајот на декември 2022 и март 2023 година.