fbpx

Сенатот на САД го потврди Џес Бејли за нов американски амбасадор во Македонија

-

Американскиот сенат вчера даде потврда за новиот амбасадор  на САД во Македонија, Џес Бејли. Со тоа се исполнети условите за Бејли да ја преземе функцијата во Македонија откако ќе ги предаде агреманите на претседателот Ѓорге Иванов.

Претседателот на САД, Барак Обама, го номинираше дипломатот од кариера Џес Бејли за иден амбасадор во Македонија и за наследник на Пол Волерс.

Според неговата биографија, тој е добар познавач на Балканот, а особено на состојбите во Турција, Грција и во Кипар, добар познавач на работата на Советот за безбедност и дипломат со искуство од кризни жаришта. Пред амбасадорувањето во Анкара, Бејли бил прв човек на бирото за Југоисточна Европа во Стејт департментот, во два мандати бил во Анкара, а од 2008 до 2010 година бил и директор на Бирото за политички прашања околу ОН, при што ја координирал американската политика околу битните прашања за САД пред Советот за безбедност. Во текот на својата професионална кариера, служел и во Бангладеш, Сенегал, Тајланд и во Холандија, а како и во Ербил, Ирак, како преставник на САД за регионот на Курдистан. Има дипломи од „Јеил“ и од Универзитетот „Колумбија“ во САД, оженет е и има еден син, а зборува француски, турски и тајландски јазик.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.