fbpx

Во Битола и во Кичево граѓаните не знаат за енергетска ефикасност

-

Граѓаните на Битола и на Кичево, градовите каде се произведува најголемиот дел од вкупното производство на електрична енергија во земјава, не ги знаат придобивките од енергетската ефикасност. Во исто време, како градови со големо загадување на амбиенталниот воздух, не придонесуваат за подобрување на квалитетот на воздухот.

Енергијата не се искористува доволно, а невладиниот сектор не покажал интерес за подобрување на енергетските капацитети, покажаа анализите на Центарот за истражување и креирање политики, во рамките на проектот „Иницијатива за јакнење на јавниот дијалог за одржливо користење на енергијата“.

Според презентираните наоди од истражувањето, добар дел од населението во Битола и во Кичево, каде се лоцирани термоелектраните РЕК – Битола и РЕК – Осломеј, не знаат како да си ги намалат сметките за потрошена електрична енергија.

– Она што беше интересно во истражувањето е што граѓаните не знаат што е тоа енергетска ефикасност ниту, пак, за придобивките од неа. Исто така, тие имаат слаба финансиска моќ за да го ефектуираат она евентуално добиено ново знаење, бидејќи за сите зафати се потребни и пари. Но, со самите инвестиции, не се дава само придонес кон намалување на сметките за електрична енергија, туку се дава придонес и кон намалување на загадувањето – рече Златко Симоновски, проектен координатор.

Со истражување на терен се дошло до информации дека во овие два града има слаба искористенот и на сончевите колектори.

– Во Битола и во Кичево не се размислува многу за сончевите панели ниту, пак, за изградба на енергетски ефикасни фасади. Така, без заштита на ѕидовите и на покривите, овде објектите се енергетски неефикасни. Тоа значи повлекување на многу енергија. Комфорот не може да биде добар кога енергијата се губи – напоменува Симоновски.

Проектот „Иницијатива за јакнење на јавниот дијалог за одржливо користење на енергијата“ е финансиран од ИПА-програмата на ЕУ за прекугранична соработка со Албанија.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палевски екстрадиран во Македонија, ќе се одмотува клопчето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Со комерцијален лет од Истанбул, Турција на „Туркиш ерлајнс“, во 19.30 часот на Меѓународниот аеродром во Скопје беше екстрадиран Љупчо Палевски - Палчо, првоосомничен за двете монструозни убиства, на...