fbpx

Тепачка во разгранокот на ДУИ во Струга, полицијата не добила пријава за таков инцидент

-

Напната атмосфера која прераснала во физичка пресметка со тепање со мобилни телефони и со тупаници по главите имало синоќа во разгранокот на ДУИ во Струга помеѓу крилата на Рамиз Мерко и на Арбен Лабуништа, објави порталот на албански јазик „Тетовасот“, повикувајќи се на извори од партијата.

По тепачката, како што пишува порталот, едно лице било хоспитализирано во болницата во Струга.

Според информациита на „Тетовасот“, до инцидентот дошло откако Рамиз Мерко успеал да обезбеди поддршка во сите разграноци за функцијата претседател на струшкиот разгранок на ДУИ. Наводно, поддршката што Мерко ја добил од Муса Џафери била причината за револт во крилото на Лабуништа.

Од СВР Охрид велат дека кај нив не бил пријавен таков инцидент.

– До овој момент кај нас не е пријавен таков случај – изјави за „Мета“ портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Како што пренесува „Тетовасот“, повикувајќи се на извори од партијата, во тепачката бил повреден и побарал лекарска помош, заменик-директорот на УЈП, Аргетим Асани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...