fbpx

Седум лица повредени при судир на пет возила кај наплатната рампа во Отовица

-

Седум лица синоќа се повредени при судир на пет патнички моторни возила на автопатот Велес – Скопје, на околу 400 метри пред наплатната рампа кај Отовица.

МВР денеска соопшти дека се судриле патничко моторно возило „мазда“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.Р. (63) од Прилеп, патничко моторно возило „опел фронтера“ со велешки регистарски ознаки управувано од М.Н. (52) од Кавадарци, патничко моторно возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.Т. (22) од Кавадарци, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Н. (37) од Прилеп, и патничко моторно возило „волво“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Т.Р. (53) од Кавадарци.

По несреќата, со возила на итна медицинска помош, во Општа болница Велес биле пренесени седум учесници во сообраќајната незгода, од кои тешки телесни повреди се констатирани кај возачот Р.Р., додека на другите шест лица им биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полициската станица од Велес.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Словенечкиот премиер е надовор од животна опасност но останува на интензивна нега

Словачкиот премиер Роберт Фицо веќе не е во животна опасност, но останува на интензивна нега четири дена откако беше застрелан од вооружен маж, изјави заменик-премиерот на земјата, а пишува...