fbpx

Нападнат овчар во гостиварското село Страјане

-

Во Полициската станица во Гостивар, вчера во 10 часот, 57-годишниот М.С. од гостиварското село Калиште, вработен како овчар кај Џ.И. од село Страјане, пријавил дека на 7 октомври 2016 година, околу 12 часот, додека ги напасувал овците во атар на селото Страјане, две непознати лица извршиле разбојништво врз него.

Додека се ракувале со пријавувачот, како соопшти денеска МВР, едниот од нив го сопнал и го соборил на земја, по што му ги врзале рацете со јаже и со закана со нож му побарале пари. Сторителите извршиле претрес над М.С. и од внатрешните џебови од палтото му одзеле паричник во кој имал еден клуч од стан, околу 150 евра во разни апоени и мобилен телефон. Потоа сторителите го однеле врзаниот М.С. до шумата, каде што едниот од нив го удрил неколкупати со тупаници во пределот на вратот и по телото, а потоа го оставиле и си заминале. По кратко време М.С. успеал да ги одврзе рацете и се упатил во селото.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на...