fbpx

Седмоодделенец со пиштол уби чувар и рани неколку ученици во училиште во Белград

Едно девојче е на реанимација, а две момчиња се со прострелни рани, пренесуваат српските медиуми

-

Српската полиција утрово уапси 14 годишен ученик кој со пиштолот на татко му во 8.40 часот го застрела чуварот на училиштето „Владислав Рибникар“ во белградската населба Врачар и повреди повеќе лица.

Полицијата соопшти дека ги испратила сите расположливи патроли кои веднаш излегле на терен и го привеле седмоодделенецот, кој испукал неколку истрели во правец на учениците и обезбедувањето на ова училиште.

Медицинските служби во моментов ги згрижуваат повредените, а полицијата и обинителите ги утврдуват сите факти и околности поврзани со овој настан. Улиците околу училиштето се затворени.

Во српските медиуми се шират различни верзии за денешниот трагичен настан. Српскиот портал Н1 објави дека претставник на обезбедувањето на училиштето им подлегнал на повредите, едно девојче е на реанимација, а две момчиња имаат прострелни рани. Повредените, од кои дел се во животозагрозувачка состојба, се примени во Ургентниот центар и на Клиниката во Тиршова.

Повеќе информации за стравотниот настан се очекуваат во текот на денот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...