fbpx

СДСМ во теренска офанзива: Пендарвоски во Охрид, Спасовски во Струга

-

Ако се суди по денешните згуснати активности во охридско-струшкиот регион, тогаш опозицискиот СДСМ влегол во жестока теренска офанзива.

Од локалното раководство на партијата соопштија дека во работна посета на Охрид денеска престојува дел од раководството на СДСМ, предводен од Стево Пендарвоски.

Како што е најавено, тој ќе има средба со граѓани, како и со раководството и so членството на партијата во Охрид.

За 13.30 часот, на малиот плоштад во Охрид (кај стариот Чинар), најавено е Пендарвоски да даде изјава за медиумите.

Истовремено, во службена посета на Струга, престојува и министерот за внтарешни работи во техничката влада, Оливер Спасовски, инаку генерален секретар на СДСМ.

Тој ќе ја посети полициската станица во Струга, по што, исто така, ќе даде изјава за медиумите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.