fbpx
Таг: Stevo Pendarovski

таг: Stevo Pendarovski

Борбата против дезинформации бара партнерство меѓу институциите и граѓанското општество

Електронските дезинформации се шират и никој не е имун на нив. Тие се закана за општествата. Борбата против дезинформациите бара партнерство меѓу институциите и граѓанското општество. Oва беше истакнато на денешната конференција „Градење општествена отпорност кон штетните влијанија на дезинформациите во Република Северна Македонија“, која ја организираат Претседателскиот центар за политичко образование и Фондацијата „Метаморфозис“. На отворањето на конференцијата се обрати...

Претседателот Стево Пендаровски на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот мандат на претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган му посака успешно извршување на одговорната функција и изрази подготвеност за продолжување на одличната билатерална соработка и македонско-турското пријателство...

Пендаровски: Скандалозно е барањето на Бугарија да учествува во уставните измени

Претседателот Стево Пендаровски го коментираше барањето од Бугарија да биде вклучена во процесот на уставните измени во земјава. Тој го оцени ваквото барање како „скандалозно“. „Такви барања не упатуваат ни окупаторите земјите, териториите, државите кои ги окупираат. Во 21 век е апсолутно непримерно да бара, да се мешаат во внатрешната политика и внатрешните политички и уставни процеси. Во таа смисла...

Пендаровски за 21-годишнината од Охридскиот договор: Функционалната мултиетничка демократија ги зачува мирот и стабилноста

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето 21 година од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, порача дека потпишувањето на овој договор спречи ескалација на оружениот конфликт во 2001 година овозможи изградба на „модел на функционална мултиетничка демократија која ги зачува мирот и стабилноста и постави највисоки стандарди за правата на заедниците“: „Пред 21 година, во Охрид, претседателите на четирите тогашни најголеми...

Пендаровски: Духовното и книжевното дело на Свети Климент Охридски е трајно врежано во македонското културно наследство

Претседателот Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски, упати честитка до Господин Господин Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима. Во честитката тој пишува дека, како еден од најистакнатите ученици и следбеници на сесловенските браќа, светите Кирил и Методиј, Климент Охридски со отворањето на Охридската книжевна школа, позната и како Прв универзитет на Балканот, остави непроценлив...

Пендаровски: Делата и мудроста на Свети Климент Охридски да ни бидат водилка и патоказ низ премрежјата

По повод 8-ми декември, денешниот христијански празник, Свети Климент Охридски, претседателот Стево Пендаровски, упати честитка до Господин Господин Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниана Прима, со која им го честита празникот на членовите на Светиот архиерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, како и на сите православни верници, да ви упатам најсрдечни честитки по повод големиот празник...

Екологистите по средбата со Пендаровски: Граѓански протест и бојкот на избори ако не се реши загадувањето

Доколку не се превземат итни мерки за справување со тешката состојба во која се наоѓа животната средина во државата, ќе ги искористиме сите демократски права и средства во борбата за заштита на нашето уставно загарантирано право на здрава животна средина и покрај досегашните форми на организиран протест, блокади, ќе повикаме и на граѓанска непослушност, бојкот на избори и други...

Македонија го доби првиот амбасадор на Грција – Јанакакис унапреден од шеф на Канцеларијата за врски

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ги прими акредитивните писма од страна на Димитрис Јанакакис, вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Грција во Република Северна Македонија. Јанакакис од 2016 година беше шеф на Канцеларијата за врски на Грција во Скопје, а со овој чин тој станува официјален дипломатски претставник, според Преспанскиот договор. „Изразувајќи задоволство од отворањето на ново...

Пендаровски: „Рекет“ не е критериум за добивање датум за преговори

Претседателот Стево Пендаровски се обрати на годишниот Амбасадорски совет кој годинава е посветен на европската перспектива на Македонија. По октомври кога очекуваме датум за почнување на преговорите со Европската унија, рече претседателот Пендаровски, почнува и долг процес на работа. „Дистрибуцијата на местата во Европскиот парламент е одлична за нас. Од 751 член, 506 се во групата проевропски сили. Таа поволна констелација...

Во ДИК доставени и кандидатурите на Пендаровски и Силјановска

Два дена откако во Државната изборна комисија (ДИК), својата претседателска кандидатура, заедно со потписи од над 11.000 подржувачи, ја поднесе Блерим Река, денеска во ДИК беа поднесени и кандидатурите на Стево Пендаровски и на Гордана Силјановска - Давкова. Денеска кандидатурата во ДИК прв ја достави Изборниот штаб на СДСМ и коалицијата. Во името на Пендаровски, материјалите и собраните 32.000 потписи...

Пендаровски и Силјановска – Давкова се подготвени да се соочат на ТВ дуел

Двајцата формално независни кандидати за претседател на државата зад кои застанаа најголемите партии од власта и опозицијата, се подготвени за ТВ дуел. Како што за „Мета“ изјавија и Стево Пендаровски и шефот на Изборниот штаб на Гордана Силјановска - Давкова, тие сметаат дека треба да има ТВ дуел или дуели во кои пред целата јавност ќе може да ги спротивстават...

Анализа: Претседателската трка започна – крајот неизвесен

Тројца кандидати за претседател на Република Северна Македонија беа искристализирани со завршувањето на Конгресот на владејачаката СДСМ на 3 март, кога прв пат во поновата историја на земјата беше потврден т.н. консензуален кандидат. Имињата се познати, датумите исто така, но непознато е, поради повеќе причини, кога земјата ќе го избере новиот претседател. На шестите по ред претседателски избори од независноста...

Како по пет години Пендаровски стана консензуална личност?

Повторното кандидирање на Стево Пендаровски за претседател и поддршката што тој ја доби од Демократската унија за интеграција (ДУИ) предизвикаа бројни реакции во јавноста. „Дали требаше да поминат пет години, за Пендаровски да стане ,консензуален'!? Што се промени кај Пендаровски за да се случи тоа?“, прашува „Порталб.мк“. Во текот на 2014 година, Стево Пендаровски беше кандидат , за претседател на...

Со ребалансот се намалуваат буџетските средства за интеграција во НАТО

Владата со ребалансот на буџетот за 2018 година планира намалување на паричните расходи во Министерството за одбрана планирани за интеграција во НАТО. Со буџетот за 2018 година во расходниот дел кај Министерството за одбрана за ставката унапредување на безбедноста и одбраната односно интеграција во НАТО беа предвидени 935.000.000 денари, а со ребалансот оваа ставка се намалува на 855.000.000 денари. Забележително...

Со евроинтеграциите се добиваат силни институции, наместо силни лидери

Во Хрватска пред десет години никој не прашуваше со чиј превоз политичарите одат на Светско првенство и кој им ги плаќа картите за натпреварите. Денес тоа сите ги интересира. Луѓето развија свест за корупција, за одговорност, за владеење на законите, нагласи хрватската амбасадорка Данијела Баришиќ на трибина „Перспективите од НАТО интеграцијата - што ќе донесе пристапниот процес за Македонија...

Пендаровски: Полноправно членство во НАТО на почетокот на 2020

Македонија очекува да стане полноправна членка на НАТО Алијансата во првиот квартал од 2020 година, рече на прес-конференција националниот координатор Стево Пендаровски. Тој посочи дека пристапните разговори би требало да завршат до крајот на годинава, а потоа ќе се чека ратификација во грчкиот парламент. - Очекуваме пристапните разговори да завршат до Нова година и потоа целиот процес ќе се префрли во...

Шекеринска: Задутре добиваме покана за НАТО, да не ја пропуштиме шансата

Сосема извесно е дека Македонија на 11 јули на самитот на НАТО ќе добие покана за пристапни преговори, кои се очекува да траат релативно кратко - три до шест месеци - во процедура идентична како за последните земји што станаа членки на НАТО, односно Црна Гора, Албанија и Хрватска, а  потоа да се потпише Протоколот за пристапување, по што...

Генералниот секретар на НАТО денеска и утре на средби со државниот врв во Скопје

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Македонија. Се очекува да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев, со министрите за надворешни работи и за одбрана Никола Димитров и Радмила Шекеринска, како и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Столтенберг утре напладне ќе се обрати и пред пратениците во...

Автопатот Скопје – Блаце заглави на првите два километра

Владата предводена од СДСМ и во овој мандат не успеа да го изгради ветениот автопат Скопје – Блаце. Иако беше најавено дека до крајот на март ќе биде пуштена во употреба првата делница –...