Анализа: Претседателската трка започна – крајот неизвесен

-

Тројца кандидати за претседател на Република Северна Македонија беа искристализирани со завршувањето на Конгресот на владејачаката СДСМ на 3 март, кога прв пат во поновата историја на земјата беше потврден т.н. консензуален кандидат. Имињата се познати, датумите исто така, но непознато е, поради повеќе причини, кога земјата ќе го избере новиот претседател.

На шестите по ред претседателски избори од независноста до денес, ќе треба да се избере петиот по ред претседател помеѓу тројцата кандидати, сите од ред професори: Стево Пендаровски, кадар предложен од владејачката коалиција, Гордана Силјановска, кадар предложен од ВМРО-ДПМНЕ и Блерим Река, формално независен кандидат со самокандидатура, но кој и де факто и де јуре е поддржан од албанските опозициски парламентарни партии Алијанса за Албанците и БЕСА.

Кандидатите се сериозни луѓе, познати и во политиката и пошироко во општеството, и кај нив нема ништо значително спорно во старт, во смисла на некој валкан багаж од минатото. Професорите сите биле и во политика, а господинот Река и амбасадор на поранешната РМ во седиштето на ЕУ во Брисел. Но, сепак, тоа  не е причината што овие претседатески избори ги прави крајно неизвесни.

Прoблемот е во цензусот вграден во Уставот за вториот круг, поврзан со мобилизаторската моќ на политичките партии, чиј углед кај граѓанството, особено кај неопределните, но и кај дел од симпатизерите, е сериозно дискутабилен.

Дека цензусот ќе биде проблем се согласуваат и сериозни аналитичари. Тој не се очекува да биде проблем во првиот круг, затоа што сите големи партии во моментов имаат мотиви да ги мобилизараат гласачите до максимум. Искуството со неодамнешниот консултативен референдум за Договорот од Преспа покажа дека ако една од двете големи партии во македонскиот блок бојкотира или апстинира, цензусот од 50 отсто или над 902 илјади гласачи (колку што беше последниот) е невозможна мисија. Но, овој пат, цензусот во вториот круг, кој е намален на 40 отсто од запишаните избирачи, навидум парадоксално, би можел да биде проблем.

Пред сè, затоа што овие избори не се врзани, како во минатото, со парламентарни или локални, при што на избиралиштата има повеќе гласачи. Второ, во зависност од разликата меѓу двата најдобро пласирани кандидати во првиот круг, сериозната јавност не исклучува можност за тивок бојкот на една од партиите, со цел да се предизвика повторување на постапката, овој пат со вонредни парламентарни избори. Притисокот во таа насока може да дојде и од поддржувачите на третопласираниот кандидат, во случајот се предвидува дека тоа би бил Река, доколку се покаже дека можат да соберат помеѓу 80 и 100 илјади гласови, повеќе од половина од албанскиот гласачки резервоар.

Како што може да види, предизборието неофицијално одамна трае, трката ќе се официјализира на 1 април, изборите ќе се одржат на 21 април и 5 мај, а дали тогаш и ќе завршат со избран кандидат, засега не е извесно.

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање на седницата...

ТикТок ја изгуби жалбата во САД, апликацијата сè поблиску до забрана

Обидите на ТикТок за поништување на законот според кој апликацијата ќе биде забранета или продадена во САД од почетокот на 2025 година се отфрлени, пренесе Би-би-си. Компанијата се надеваше дека федералниот апелационен...

ДУИ со писмо до САД, ЕУ и НАТО, бара акција за да се зачува мирот и да нема дестабилизација

Демократската унија за интеграција (ДУИ) испратила писмо до САД, Европската Унија и НАТО, во кое ги повикува на решителна акција за, како што пишува, да се спречи поткопување на мирот и...

Од ветени и 5 отсто данок на добивка, сега следи „усогласување“ од 15 отсто

Премиерот најави законско усогласување со кое дел од големите компании во земјата ќе плаќаат данок на добивка од 15 отсто. Иако тоа усогласување е спроведување на меѓународна обврска на земјата, таквата...

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање...