fbpx

Во ДИК доставени и кандидатурите на Пендаровски и Силјановска

-

Два дена откако во Државната изборна комисија (ДИК), својата претседателска кандидатура, заедно со потписи од над 11.000 подржувачи, ја поднесе Блерим Река, денеска во ДИК беа поднесени и кандидатурите на Стево Пендаровски и на Гордана Силјановска – Давкова.

Денеска кандидатурата во ДИК прв ја достави Изборниот штаб на СДСМ и коалицијата. Во името на Пендаровски, материјалите и собраните 32.000 потписи ги донесе Александар Кирацовски, шеф на Изборниот штаб.

– Стево Пендаровски и сите ние несомнено влегуваме како фаворити за претседател на нашата држава. Ве уверувам како шеф на Изборниот штаб дека ќе имаме мирна, достоинствена кампања која ќе го отсликува нашето демократско општество – рече Кирацовски и ги повика сите политички партии заедно да водат соодветна европска кампања која на површина ќе го извади најдоброто од сите.

Кандидатурата на Пендаровски, како што појасни генералниот секретар на СДСМ, е поднесена само со потписи од граѓани со оглед на тоа дека ДИК дава можност тоа да се стори на таков начин или со потписи од пратеници.

Веднаш по поднесувањето на кандидатурата на Пендаровски, во ДИК пристигнаа и претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за да ја достават кандидатурата на нивниот претседателски кандидат Гордана Силјановска – Давкова.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...