Продолжува комисиската расправа за универзитетот „Дамјан Груев“

По речиси една недела пауза, денеска во Собранието продолжува седницата на Комисијата за образование.

На седницата закажана во 15 часот на дневен ред се предлог-законот за основање универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев“ во Скопје и предлог-законот за изменување на Законот за високото образование.

Последната седница на комисијата заврши со кавга меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Расправаата за основање на новиот универзитет сè уште е во фазата „процедурално“, затоа што за овој закон СДСМ поднесе 1.000 амандмани, а ВМРО-ДПМНЕ сака да го ограничи времето за дискусија.