fbpx

СДСМ: Иванов и Груевски да го почитуваат Уставот и да престанат со насилство

-

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги повика претседателот на државата, Ѓорге Иванов, и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, да го почитуваат Уставот и „да престанат со насилствата“. Од партијата велат дека Иванов мора да го даде мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за формирање на новата влада и додаваат дека е неприфатливо и недозволиво Груевски да „поттикнува поделби во Македонија и да користи насилства само затоа што граѓаните избраа промени“.

„Никола Груевски има изгубено контакт со реалноста и е во заблуда дека тој е поважен од Уставот на Р. Македонија. Неприфатливо и недозволиво е Груевски да поттикнува поделби во Македонија и да користи насилства само затоа што граѓаните избраа промени, а тој ја загуби власта. Недозволиво е и од страна на Иванов, само за да го спаси Груевски, да одговара за неговото криминално работење, да го крши Уставот и да ја пролонгира политичката криза на штета на граѓаните“, стои во соопштението на СДСМ.

Од партијата нагласуваат дека ако „Иванов и Груевски навистина ја сакаат Македонија, како што велат, тогаш тие би го почитувале Уставот и ќе се повлечат“.

„Граѓаните во Македонија не сакаат нови парламентарни избори! Тие веќе го поддржаа концептот едно општество за сите. Тие сакаат да живеат заедно, без поделби, во правна држава која обезбедува квалитетен живот за сите“, заклучуваат од СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Американското министерство за финансии вчера изрече стотици нови санкции насочени кон Русија поради војната во Украина, како и санкции за компании и поединци во  земји како Кина, Белгија и...