Арифи: Повикувањето на нетолеранција не е добро за иднината на земјата

-

„Повиците за поделба и за нетрпеливост не треба да бидат дел од агендите на политичките партии. Иднината на сите граѓани, без разлика на вера и на нација, е ЕУ и заради тоа е важно да се најде решение за сите прашања, а повикувањето на нетолеранција не е добро за иднината на земјата“, одговори потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи, на новинарско прашање во врска со повиците на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за етничка нетрпеливост.

Арифи денеска во Тетово се сретна со евроамбасадорот Самуел Жбогар, во рамките на проектот „ЕУ за тебе“.

Во однос на тоа што тече крајниот рок за распишување на локалните избори, Арифи додаде дека сè зависи од политичките партии и од чекорите што тие ќе ги преземат.

– Но тие чекори, треба да бидат во линија со демократските и со европските вредности и да се одвиваат според Уставот и законите – додаде Арифи.

Прашан за актуелната политичка ситуација, евроамбасадорот Жбогар додаде дека пораката на високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини, е далеку поважна од тоа што тој ќе го каже.

– Ќе видиме кои се следните чекори, затоа што денеска Могерини има состанок со министрите за надворешни работи на ЕУ и ќе ги брифира овие претставници за средбата што ја имала во Скопје, така што ќе видиме какви пораки ќе произлезат од средбата. Исто така, и в четврток Могерини ќе има средба со премиерите на земјите членки на ЕУ и на таа средба ќе се разговара за состојбата, по што и оттаму ќе произлезат пораки – изјави Жбогар.

Прашан за локалните избори, додаде дека за тоа дали ќе се одложат, „треба да одговорат македонските политичари“.

На настанот денеска беше истакнато дека од фондовите на ЕУ ќе се издвојат средства за изградба на филтер-станица за отпадни води.

 

Националната опера и балет го укина попустот за студентите

Националната опера и балет (НОБ) го укина попустот од 50 отсто на влезниците за студентите кои сакаат да ги проследат изведбите во оваа национална установа. Овој чекор се чини дека се...

„Козерија“ во ЗОО Скопје: Седум берберски овци угинале од гранки?

Седум берберски овци пред шест дена угинале во Зоолошката градина во Скопје. За настанот, Зоолошката градина извести дури денеска на нивниот профил на Фејсбук, а попладнево со соопштение излезе и Агенцијата...

Ја принудувал сопругата на проституција, шест лица под истрага за трговија со луѓе

Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден истражители од Истражниот центар во обвинителството и Националната единица за...

Високи руски и американски претставници ќе одржат разговори за завршување на војната во Украина без претставници од Киев

Високи американски и руски претставници, вклучувајќи ги и главните дипломати на двете земји, ќе одржат разговори за подобрување на нивните односи и преговарање за крај на војната во Украина, соопшти Кремљ,...

Националната опера и балет го укина попустот за студентите

Националната опера и балет (НОБ) го укина попустот од 50 отсто на влезниците за студентите кои сакаат да ги проследат изведбите во оваа национална установа. Овој чекор се чини...