fbpx

Санкциите кон Русија ја чинат Европа 100 милијарди евра

-

Кризата во Русија која се должи на санкциите, би можла Европа да ја чини до 100 милијарди евра, предупредуваат стручњаците од виенскиот економски институт „Вифо“ (Wifo).

Според новата студија, економската криза во Русија загрозува повеќе од два милиони работни места во Европа.

Најголем дел од загубата поради санкциите ќе има Германија, со 27 милијарди евра, а помеѓу оштетените со политиката спрема Русија се Полска, Италија, Шпанија, Франција и Естонија, укажува „Вифо“.

Првата студија експертите од „Вифо“ ја објавија во февруари кога проценија дека се загрозени околу 45.000 работни места во Австрија и дека има загуба од 2,9 милијарди евра.

– Ова негативно сценарио се чини целосно реално – рекол економскиот експерт од „Вифо“, Маркус Шајблекер.

Во извештајот се наведува дека извозот е значително опаднат, со напомена дека ефектите би можеле да бидат ублажени само ако претпријатијата извезуваат во други земји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...