Српската фудбалска репрезентација до 20 години ја освои титулата светски првак откако го победи Бразил со 2:1, на Светското првенство што се одржуваше во Оукланд, Нов Зеланд.
Српските фудбалери ја совладаа репрезентацијата на Бразил по продолженијата. Регуларниот дел заврши нерешено (1:1). За српската репрезентација поентираа Мандиќ во 70. минута и Максимовиќ во 118. минута, а единствениот погодок за Бразил го постигна Переира во 73. минута.
Во борбата за трето место, селекцијата на Мали го совлада Сенегал со 3:1.