fbpx

САД: Околу 6.000 војници годинава пријавиле сексуален напад

-

Речиси 6.000 вработени во американската армија годинава пријавиле сексуален напад, што е за осум отсто повеќе во споредба со 2013 година, јавуваат американските медиуми.

Вкупно 5.983 припадници на воениот персонал, на своите претпоставени им пријавиле дека биле жртва на сексуален напад, од кои за 359 веќе е изречена пресуда, а 175 лица се регистрирани како сексуални престапници.

Пентагон годинава спровел анонимно истражување, според кое, 19.000 војници откриле дека биле сексуално нападнати. Околу 10.500 од пријавите се поднесени од мажи, а 8.500 се жени, што е за 6.000 помалку во споредба со последното анонимно истражување спроведено во 2012 година, кое откри епидемија на сексуални напади во армијата и придонесе за воведување реформи.

Американското министерство за одбрана смета дека резултатите покажуваат „суштински и сеопфатен прогрес“ во борбата со овој вид криминал.

Сепак, постои голем јаз меѓу проценетата бројка на сексуални напади и бројот на пријавени напади. Во 2012 година, според анонимното истражување, 26.000 припадници на воените сили биле жртви на сексуален напад, но само 3.374 случаи биле пријавени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...