fbpx

САД ќе обезбедат дополнителна воена помош за Украина од 2,6 милијарди долари

Воената помош ѝ овозможува на Украина да продолжи со отпорот против руската агресија врз нејзиниот суверенитет и независност

-

Соединетите Американски Држави (САД) ќе обезбедат дополнителна воена помош од 2,6 милијарди долари за Украина, вклучително и три радари за надзор над украинското небо, противтенковски ракети, камиони и друга опрема, пишува Укринформ.

Американските власти од почетокот на руската воена агресија врз Украина ветија повеќе од 35,2 милијарди долари безбедносна помош за нападнатата земја, која се бори за зачувување на суверенитетот и независноста од Русија.

Руските медиуми по повод најновата воена помош од САД за Украина го пренесоа соопштението на Руската амбасада во Вашингтон, која ги обвини САД дека сакаат да го одолговлечат конфликтот во Украина што е можно подолго преку ваквата помош.

Исто така, Украина се надева дека ќе добие уште две транши во вредност од 1,8 милијарди долари од Меѓународниот монетарен фонд оваа година, во рамките на новоодобрената четиригодишна програма за заеми, изјавија високи претставници на украинската централна банка. Украина неделава ја доби првата транша во висина од 2,7 милијарди долари во рамките на оваа програма, што е дел од поголем глобален пакет со финансиска поддршка од 115 милијарди долари, пренесува Гардијан.

Во Украина продолжува руската агресија кон цивилното население. Само во Донецкиот регион, изминатово деноноќие од руските ракетни напади врз населени места загинале шест цивили, а биле повредени седум лица, пренесува Укринформ. Загинатите лица се од градовите Торецк, Краснохоривка и од селото Ласточкине. Од руските ракетни напади биле уништени станбени згради, куќи, административни зданија, фарми и други невоени објекти.

Во руските напади во Херсонскиот регион биле истрелани ракети во дури 50 наврати во изминатово деноноќие. Самиот град Херсон бил погоден шест пати, при што биле повредени тројца цивили и биле оштетени станбени објекти, градинка и фабрика, пренесува Укринформ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...