fbpx

Ројтерс: Протечени документи тврдат дека Србија се согласила да испрати оружје во Украина

Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ ги демантира наводите на Ројтерс дека неговата земја продавала или има намера да продава оружје на Украина

-

Новинската агенција Ројтерс ексклузивно објави протечен документ од Пентагон, во кој се наведува дека Србија иако одбила да воведе санкции кон Русија, веќе се согласила да испорача оружје на Кијив или веќе го испорачала. Протечениот документ со наслов „Европа – Одговор на тековниот руско-украински конфликт“ е во форма на графикон во кој се резимирани позициите на 38 европски влади и нивниот одговор во врска со барањата на Украина за воена помош.

„Табелата покажа дека Србија одбила да обезбеди обука за украинските сили, но ветила дека ќе испрати воена помош или веќе ја доставила. Исто така, се вели дека Србија има политичка волја и воена способност во иднина да ѝ обезбедува оружје на Украина“, се наведува во текстот на Ројтерс.

Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ во изјава за агенцијата Танјуг ги демантираше наводите на Ројтерс дека неговата земја продавала или има намера да продава оружје на Украина. Тој изјави дека Србија ниту продавала, ниту ќе продава оружје на украинската или руската страна, ниту на земјите во опкружувањето.

Сепак, во текстот на агенцијата Ројтерс се додава дека документот ја носи ознаката „Тајна“ и НОФОРН, што претставува ознака со која се забранува негова дистрибуција на странски разузнавачки служби и војски.

„Таа датира од 2 март и е означена со печат на канцеларијата на началникот на Здружениот Генералштаб на САД“, се наведува во текстот на Ројтерс.

Американскиот државен секретар за одбрана Лојд Остин изјави дека Украина во моментов има значаен дел од способноста за да постигне успех во нејзината потенцијална контраофанзивна операција против Русија, пренесува Укринформ.

На новинарско прашање како последното протекување на документи може да влијае врз евентуалната контраофанзива од Украина, Остин изрази уверување дека украинското раководство останува фокусирано на задачата.

„Имам целосна доверба дека тие ќе го направат она што го прават добрите лидери, големите лидери“, рече Остин.

Тој додаде дека Украинците имаат голем дел од способноста што им е потребна за да продолжат да бидат успешни, дека сојузничките земји обучиле огромен број војници и дека САД ќе бидат фокусирани да продолжат да создаваат способност за безбедносна помош за да можат да продолжат да бидат успешни секогаш кога ќе изберат да преземат офанзивни операции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...