fbpx

Родители и ученици од струшките основни училишта се закануваат со бојкот на наставата

-

Поради прекин во снабдувањето со електрична енергија, предизвикан од блокираните жиро-сметки, дел од учениците и од родителите од струшките основни училишта се заканија со бојкот на наставата.

Родителите велат дека доколку во текот на наредната недела не се најде решение на проблемот, нема да ги пуштаат своите деца на училиште. Бараат државата да пројави интерес и за Струга.

– Јас мислам дека ќе има реакција од родителите. Може да има и бојкот на наставата, може да има и неодржување на еден час, а може и да има и протести пред Општината поради состојбата со немање на струја. Срамота е сега, во овај век, Министерството за обраование да не реагира, да нема струја во образовните институции – вели Зуфер Арслани, претседател на совет на родители во училиштето „Браќа Миладиновци“.

Директорот на училиштето, Шќелким Алиу, вели дека иако има најави, засега нема решение на проблемот бидејќи сметката на училиштето е блокирана.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...