fbpx

Охридскиот народен театар, учесник на фестивалот „Ристо Шишков“ во Струмица

-

Охридскиот народен театар на годинешното издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица, ќе учествува со своја претстава.

На програмата на фестивалот, на 10 септември, в четврток, со почеток во 21 часот, охридските актери ќе ја играат претставата „Стари времиња“ во продукција на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид, во режија на Нела Витошевиќ.

Од Охрид, на фестивалот во Струмица, патува и претставата „Кирил и Методиј – Who are you“ на Прилепскиот театар, која годинава беше премиерно прикажана на фестивалот „Охридско лето“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.