fbpx

Ричард Нефју: Американскиот државен секретар има докази за вмешаност на Мерко во корупција

„Мислам дека во голема мера, сепак, успеавме да покажеме значајни резултати во однос на помагањето на актерите на граѓанското општество и другите активисти, дека тие не се сами. И дека кога се соочуваат со корумпирани индивидуи, имаат поддршка од меѓународната заедница“, изјавил Нефју за албанската редакција на „Гласот на Америка“

-

Американскиот државен секретар имал веродостојни информации кои сугерираат дека Рамиз Мерко бил вмешан во голема корупција. Според законите, ако секретарот има веродостојни информации што укажуваат на вмешаност во значителна корупција, секретарот треба да наметне ограничувања за виза. Од нас се бара да дејствуваме кога тие информации се достапни. Ова го изјави координаторот за антикорупција на Стејт департментот Ричард Нефју, во интервју за албанската редакција на „Гласот на Америка“.

Тој вели дека не може да се споделат повеќе детали околу тоа зошто градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, е ставен на американската црна листа.

„Мислам дека во голема мера, сепак, успеавме да покажеме значајни резултати во однос на помагањето на актерите на граѓанското општество и другите активисти, дека тие не се сами. И дека кога се соочуваат со корумпирани индивидуи, имаат поддршка од меѓународната заедница“, изјавил Нефју за албанската редакција на „Гласот на Америка“.

Тој потенцира дека не прави разлика дали санкциите се однесуваат на поранешен или сегашен функционер.

„Дел од причината зошто ги правиме овие работи е да ги поддржиме актерите од граѓанското општество, да ги поддржиме оние кои се обидуваат да бараат одговорност од корумпираните актери“, рече тој.

САД го ставија на црната листа градоначалникот на општина Струга Рамиз Мерко како генерално неподобен за влез во САД поради неговата вмешаност во значителна корупција.

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека градоначалникот на општина Струга злоупотребил средства и се мешал во судски и други јавни постапки, со што ја нарушил довербата на јавноста во демократските институции и функционерите на Северна Македонија.

Со реакција се јави и амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер. Таа потенцира дека САД ќе продолжи да се бори против секој оној кој го поткопува владеењето на правото и е закана за напредокот и стабилноста на Северна Македонија.

Агелер потенцира дека граѓаните заслужуваат функционери со интегритет, предупредувајќи дека Мерко е првиот функционер на црната листа што е ставен годинава, но и дека можно е да има во иднина и други, бидејќи корупцијата си повлекува последици.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...