fbpx

Рекордни 50 починати од ковид-19 изминатово деноноќие, 1.320 нови случаи на ковид-19

-

Во последните 24 часа од последиците на ковид-19 починале 50 лица во земјава, што е рекорден број на починати во едно деноноќие од регистрираниот прв смртен случај кај нас.

Според бројките што попладнево ги објави Министерството за здравство, во последниве 24 часа се направени 4.174 тестирања, а регистрирани се 1.320 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 580, Битола – 113, Куманово – 75, Прилеп – 59, Велес – 50, Охрид – 43, Кавадарци – 41, Тетово – 38, Гостивар – 36, Струмица – 32, Штип – 31, Кочани – 30, Гевгелија – 27, Ресен – 24, Кичево – 22, Радовиш – 14, Струга – 13, Берово – 12, Неготино – 10, Крива Паланка и Валандово – по 9, Виница – 8, Богданци – 7, Делчево – 6, Свети Николе и Македонски Брод – по 5, Дебар, Пробиштип, Демир Капија и Демир Хисар – по 4, Крушево – 3, Кратово и Пехчево – по 1.

Во истиот период, регистрирани се 457 оздравен пациент.

Пријавени се вкупно 50 починати лица: 19 од Скопје (95г, 92г, 86г, 84г, 81г, 80г, 80г, 78г, 76г, 75г, 73г, 73г, 70г, 70г, 68г, 62г, 61г, 60г, 58г), 4 од Кичево (63г, 62г, 56г, 53г), по 3 пациенти од Куманово (74г, 74г, 56г), Битола (73г, 69г, 55г), и Штип (82г, 67г, 53г), по 2 од Прилеп (82г, 53г), Велес (77г, 70г), Струмица (84г, 74г), Кочани (66г, 63г) и Крива Паланка (77г, 53г), а по еден пациент е пријавен од Тетово (46г), Гостивар (65г), Кавадарци (65г), Охрид (58г), Струга (72г), Неготино (62г) и Ресен (76г). 46 пациенти се починати во болнички услови, додека 4 пациенти се починати во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 633.407 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 132.740, бројката на оздравени пациенти е 108.197, на починати е 3.860, а бројот на активни случаи изнесува 20.683.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...