fbpx

На „Денот на буџетот“, средба на Бесими со поранешните министри за финансии: буџетот е во добра кондиција

-

Економската состојба во државата е подобрена, макроекономските движења се во позитивна насока, а во услови на фискална консолидација треба да се одржи развојната компонента на високо ниво, односно да се инвестира во капитални инвестиции кои ќе донесат принос на долг рок. Ова беше потенцирано на денешната средба меѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и поранешните министри за финансии, по повод „Денот на буџетот“, 29 години од донесувањето на првиот буџет. Според Бесими, добрата реализација на буџетот и на капиталните инвестиции, како и позитивните макроекономски движења, се доказ за добрите економски политики на Владата.

На состанокот присуствуваа поранешните министри: Таки Фити, Џевдет Хајредини, Борис Стоjменов, Никола Поповски, Кирил Миноски и Нина Ангеловска.

Беа презентирани реформите на даночниот систем 2021-2025, стратегијата за намалување на сивата економија, процесот на унапредување на фискалната децентрализација, планот за финансирање на економскиот раст. Како значаен исчекор во подобрување на транспарентноста беше спомнато и објавувањето на „Фискалниот бројач“ на веб страницата на Министерството за финансии, кој на дневна основа ги прикажува приходите, расходите во буџетот и извршувањето на капиталните расходи, а на месечна основа го прикажува државниот долг.

„Заклучно со првото тримесечје приходите се реализирани 22,8 проценти, расходите со 22,4 проценти, а капиталните расходи со 16,6 проценти. Макроекономските движења одат во позитивна насока. Извозот на стоки во јануари регистрира номинален раст од 15,4 проценти на годишна основа, а увозот бележи номинален раст од 5,3 проценти. Ова покажува дека состојбата се подобрува и оти преземените мерки дале резултат“, информира Бесими.

Тој додаде дека Министерството за финансии работи според СМАРТ концептот, кој се базира на пет начела – стратешко работење, одржливост односно континуитет, одговорност, ориентираност кон реформи и транспаретност. Суштината е однапред да се планира за подолг период, да се антиципираат сите исходи, да се мерат резултатите, од аспект на реализација, како и нивниот импакт врз останатите процеси.

„Сето тоа ќе биде проследено со зголемување на транспарентноста. Токму во таа насока е и новиот закон за буџети со кој се воспоставува среднорочно буџетирање и интегриран систем за управување со јавни финансии“, истакна Бесими.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...