fbpx

ПССЕ: Санкциите против Русија остануваат

-

Санкциите на ЕУ против руската делегација, донесени во јануари, како одговор на ситуацијата во Украина, продолжуваат.

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) изрази жалење поради очигледниот недостиг од напредок во барањата направени во јануари, но посочи дека остануваат убедени за важноста на отворен дијалог со добра волја помеѓу Собранието и руската делегација за да се најде решение за конфликтот во источниот дел на Украина и на нелегалната анексија на Крим.

Пратениците ја поканија руската делегација – која не учествува во работата на ПССЕ од почетокот на санкциите – да го преиспита своето одбивање да соработува со Собранието и да воспостави дијалог.

Собранието уште еднаш ги повика руските власти да ги повлечат своите војници од територијата на Украина, за целосно спроведување на договорите од Минск, да се откажат од нелегалната анексија на Крим и да ја ослободат Надја Савченко и другите затвореници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...