fbpx

Промовирана нова поштенска марка „Скопје се сеќава 1963 – 2023“

Пригодната марка, промовирана денеска, ќе остане своевиден доказ за храброста и надежта на скопјани, и за солидарноста која го обедини светот после најголемата катастрофа во поновата историја на градот

-

Програмата за развој на Обединетите нации во партнерство со АД Пошта на Северна Македонија денес ја промовираше новата поштенска марка „Скопје се сеќава 1963 – 2023“ издадена по повод одбележувањето шест децении од разорниот скопски земјотрес.

По иницијатива на УНДП, поштенската марка е испечатена во 6.000 примероци по дизајн изработен од Лоран Куфало, со препознатливиот стилизиран мотив на часовникот на Старата железничка станица и специјалното изработено лого по повод јубилејот. Поштенската марка е достапна во продавницата на Филателија при Пошта во Скопје со номиналната вредност од 36 денари.

„Новата поштенска марка изработена во партнерство со АД Пошта е во состав на активностите на УНДП за одбележување на 60 годишнината од земјотресот во Скопје. Марката ќе остане како сведок на отпорноста на градот Скопје и сигурен сум дека сите љубители и колекционери – филателисти ќе ја препознаат нејзината важност во одбележувањето важни историски моменти за идните генерации“, истакна Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП.

Пригодната марка, промовирана денеска, ќе остане своевиден доказ за храброста и надежта на скопјани, и за солидарноста која го обедини светот после најголемата катастрофа во поновата историја на градот.

„АД Пошта досега има издадено повеќе едиции поштенски марки со скопски мотиви. Така е и денеска, кога се сеќаваме на огромната катастрофа. Шеесет години подоцна, нѝ беше посебно задоволство што имавме можност да работиме и за овој значаен јубилеј на нашиот главен град“, изјави Бујаре Абази, генерална директорка на АД Пошта на Северна Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...