fbpx

Продолжува жестоката битка за Бахмут, одбиени 53 руски напади

Градот Бахмут и понатаму е во епицентарот на воените операции

-

Украинските бранители одбиле 53 напади ор руските борбени сили во близина на Бахмут, Авдиивка, Маринка и Шахтарск во текот на изминатиот ден, објави Укринформ. Жестоката битка за Бахмут сè уште трае.

Ова е наведено во извештајот на Генералштабот на вооружените сили на Украина од 06:00 часот, 22 април, објавен на Фејсбук.

„Во текот на изминатите 24 часа, воздухопловните сили на вооружените сили на Украина извршија пет напади врз областите на концентрација на окупаторите, додека ракетните и артилериските единици погодија две области на концентрација на жива сила, противвоздушен ракетен систем и уште два важни воени објекти на непријателот“, се вели во извештајот.

Понатаму се наведува дека главните напори на Русија се насочени кон офанзивните операции во правците Бахмут, Авдиевка, Маринка и Шахтарск – одбиени се 53 непријателски напади. Градот Бахмут и понатаму е во епицентарот на воените операции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руските трупи влегоа во воздушната база во Нигер каде се стационирани американски војници

Рускиот воен персонал влезе во воздухопловната база во Нигер каде се сместени американски војници, по одлуката на нигерската хунта да ги протера американските сили од земјата, пишува Гардијан. Воените офицери...