fbpx

Приведен кичевец за нелегално поседување оружје

-

Кичевската полиција вчера пронашла и одзела пиштол и рамка со шест куршуми, калибар 6,35 милиметри, при преглед на Ф.Е. (50) во угостителски објект во центарот на градот.

Како што соопшти МВР, настанот се случил околу 16.15 часот  кога Ф.Е. пристигнал во угостителскиот објект. По претходни оперативни сознанија, полициските службеници извршиле преглед врз него и ги пронашле пиштолот и рамката со куршуми.

По претходно известување до Основниот јавен обвинител во Гостивар, Ф.Е., кој нелегално го поседувал оружјето, е приведен.

Против него и претходно биле поднесувани кривични пријави, за што бил и затворски осудуван.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...