Дачиќ за Советот на министри на ОБСЕ: За некои работи не можевме да постигнеме консензус

Доцна синоќа во Белград заврши Советот на министри на ОБСЕ.

Главни теми за кои разговараа министрите за надворешни работи беа борбата против тероризмот, украинската и миграциската криза, климатските промени и спорот меѓу Русија и Турција по соборувањето на рускиот авион.

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, кој беше претседавач, во завршниот говор посочи дека на средбата се вложиле напори да се постигне консензус за многу прашања, но за некои од нив тоа не било можно.

Учесниците, годинешното претседателствување на Србија го оценија како многу успешно.