понеделник, 15 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: прашања | 30 резултати

Макрадули вечерва на „Фејсбук“ ќе одговара на прашања за загадувањето

ноември 29, 2018

Денеска во 20.30 часот на „Фејсбук“ страницата „План за чист воздух“, граѓаните ќе можат да му поставуваат прашања од доменот на борбата против загадувањето на воздухот на заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули и тој ќе одговара на нив во живо. Прашањата, исто така, ќе можат да бидат поставувани и преку „Твитер“, со користење на […]

Што сè нè чека по изборите: Закон за јазиците, нови амбасадори, уставни судии…

октомври 31, 2017

Собранието, Владата, шефот на државата и правосудните институции по завршувањето на локалните избори треба да продолжат со решавање на жешките прашања што беа ставени на стенд бај поради изборите. Станува збор за кадровски решенија во најзначајните државни инситуции, чувствителни законски решенија, екипирање на институции и за најавената разврска на горливите надворешно-политички прашања, важни за евроатлантската интерграција на Македонија. […]

Милошоски: Владата треба да се повлече од потпишаниот Договор со Бугарија

август 5, 2017

Владата, додека има време, треба да се повлече од потпишаниот Договор помеѓу Македонија и Бугарија, бидејќи истиот има суштински недостатоци. И на среден и на долг рок ќе отвора повеќе спорни прашања отколку што ќе затвора прашања. Ова денеска на прес-конференција го кажа членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. – Заедничката меѓувладина комисија ќе одржува […]

Местенка, тероризам или криминал: Две години без одговори за акцијата во Диво Насеље

мај 9, 2017

И по точно две години  прашањата што се наметнаа уште додека Диво Насеље во Куманово сè уште мирисаше на барут и на чад од дводневната борба помеѓу специјалните полициски сили и вооружената група, остануваат неодговорени. Одговори на клучните дилеми нема ниту по една и пол година судски процеси: Кои биле вистинските мотиви и цели на […]

Државниот испитен центар ги објави прашањата за екстерното тестирање

мај 6, 2017

Државниот испитен центар ги објави прашањата за екстерното тестирање за учениците од основно и од средно обрзование на веб-страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk. Распоредите за тестирање ќе бидат објавени на 29 мај, а тестирањата треба да се одржат од 5 до 9 јуни. Учениците ќе полагаат два предмети кои ќе ги дознаат три дена пред тестирањето. Прелиминарните резултати треба […]

Иванов го честиташе празникот Свети Сава на српската заедница во Македонија

јануари 27, 2017

„Македонија и Србија имаат долга историска и културна традиција која не може да биде нарушена поради различни ставови по некое прашање. Изминативе години ни покажаа дека таму каде што постојат различни ставови и мислења, треба да ги решиме по пат на дијалог“, се вели во честитката на претседателот Ѓорге Иванов упатена до српската заедница во […]

Талески како во притвор да го кроел општинскиот буџет, обвинува битолската опозиција

октомври 10, 2016

Дали градоначалникот Владимир Талески три месеци во куќен притвор го кроеше ребалансот на буџетот? Каде е ветениот стадион, затворениот базен, фонтаните…? Ова беа само дел од низата прашања што советниците од опозицијата ги упатија до колегите од власта откако на седница на Советот на Општина Битола се најде ребалансот на општинскиот буџет. Советничката во Советот на […]

Талески бега и од новинарски прашања и од „герилци“

октомври 4, 2016

Битолскиот градоначалник Владимир Талески денеска на прес-конференција не им дозволи на новинарите од Битола да му постават прашање. Откако го заврши официјалниот дел од прес-конференцијата со спортисти од Битола, Талески се повлече зад камерите и ги остави гостите да даваат изјави. По завршување на прес-конференцијата, една од новинарките се обрати до Талески дали може да му […]

На Јанева ѝ е подобро, но не се знае дали ќе се појави на седница

септември 23, 2016

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска се чувствува подобро, но сè уште не знаеме дали ќе се појави на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, велат од СЈО за „Мета“. Синоќа по дводневна расправа за вториот извештај за работата на СЈО и одговарање на пратенички прашања, на Јанева ѝ се слоши и […]

Продолжува седницата на собраниската комисија за извештаите на Јанева и на Зврлевски

септември 23, 2016

Денеска во 13 часот треба да продолжи седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на која специјалната јавна обвинителка Катица Јанева треба да продолжи да одговора на прашањата на пратениците. По два дена работа, синоќа на Јанева ѝ се слоши и таа ја напушти седницата. По кратко време од Специјалното јавно обвинителство […]

Јанева: Не сум оптоварена што протекуваат информации, сите се во интерес на јавноста

септември 22, 2016

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, на денешната седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на која се расправа за извештајот за работата на Специјалното јавно обвинителство, на пратеничката Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ ѝ ја даде иницијативата за измени во Законот за заштитени сведоци и ја замоли да ја поднесе до Собранието. Ова […]

Јанева: Прецизно го слушав Милошоски затоа што неговиот глас е чест на снимките

септември 22, 2016

Почна седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на која пратениците веќе втор ден дискутираат за извештајот на специјалната обвинителка Катица Јанева. Прва говореше независната пратеничка Солза Грчева, која рече дека е изненадена од непознавањето на правото, политиката и на демократијата што го покажала Јанева во вчерашното излагање и одговарање на пратеничките прашања. […]

Јанева и денеска ќе одговара на прашањата на пратениците

септември 22, 2016

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието, денеска во 11 часот треба да ја продолжи седницата на која пратениците ќе ги разгледуваат извештаите за работата на Специјалното јавно обвинителство и на Јавното обвинителство на Република Македонија. Обвинителката Катица Јанева вчера го образложи, а потоа одговараше на прашања на пратениците во врска со вториот  извештај за […]

Јанева: Снимките ги доведуваат во прашање сите избори од 2011 година досега

септември 21, 2016

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, одговарајќи на прашања на пратениците од Комисијата за политички систем и за односи меѓу заедниците, се заблагодари за поддршката од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, но рече дека дозвола за нови јавни обвинители, СЈО добива од Советот на јавни обвинители, а не од пратениците на Собранието. Таа рече и дека толку […]

ЛДП: Повторно се покажа апсурдноста на екстерното тестирање

јуни 12, 2016

И оваа година се покажа апсурдноста на екстерното тестирање кое продолжува да претставува кошмар и за учениците и за родителите, како и за наставниците, велат од Либерално-демократската партија. „Наместо да се развива креативноста кај учениците, тие се принудуваат да ги учат напамет дадените одговори на прашањата за екстерното. Голем дел од пршањата се во насока на […]

Шилегов: Ставрески да не се крие и да ѝ ги даде на јавноста одговорите што ѝ ги должи

декември 17, 2015

„Дали е Ваш гласот на аудиоматеријалите? Дали некој од Вашите разговори е неавтентичен и неточен и кој? Дали во прислушуваните материјали ги препознавате гласовите на Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески и на Сашо Мијалков? Во разговорите велите дека градоначалникот на Битола, Владимир Талески, е криминалец и наведувате причина за тоа. Како чувар на државната […]

Дачиќ за Советот на министри на ОБСЕ: За некои работи не можевме да постигнеме консензус

декември 5, 2015

Доцна синоќа во Белград заврши Советот на министри на ОБСЕ. Главни теми за кои разговараа министрите за надворешни работи беа борбата против тероризмот, украинската и миграциската криза, климатските промени и спорот меѓу Русија и Турција по соборувањето на рускиот авион. Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, кој беше претседавач, во завршниот говор посочи […]

Шалом: Со Заев не разговаравме за безбедносни или финансиски прашања

октомври 15, 2015

Министерот за внатрешни работи и вицепремиер на Израел, Силван Шалом, имал куса и куртоазна средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за време на неговата посета на земјата, било наведено во соопштение од кабинетот на министерот, објави телевизијата „Телма“. Во соопштението, кое го пренел израелскиот амбасадор во Македонија, Дан Орјан, било нагласено дека на средбата […]

Претседателот на Антикорупциска вторпат си замина од прес-конференција

јули 2, 2015

Откако е претседател на Антикорупциска комисија, Горан Миленков вторпат одбива да одговори на новинарски прашања. Денеска тој си замина од прес-конференцијата што сам ја закажа, додека новинарите го повикуваа да се врати бидејќи имаат уште прашања. Денеска Миленков одби да одговори на новинарски прашања за тоа дали ќе постапат и што ќе преземат во врска со […]

Еден месец по „Куманово“: Факти, контрадикции, шпекулации и неми институции…

јуни 9, 2015

Денеска е точно еден месец од крвавиот судир на полицијата и на терористичката група во кумановското Диво Насеље, во која осум специјалци на Министерството за внатрешни работи (МВР) загинаа, а 37 беа ранети. Пред четири недели Македонија доживеа колективен шок од кој сè уште закрепнува, што поради сериозноста на заканата, што поради фактот дека сè […]

Страна 1 од 2