fbpx

Повлечен жолтиот картон за Кристијано Роналдо

-

Дисциплинската комисија на шпанската Примера дивизион одлучи да го повлече жолтиот картон кој судијата Мелеро Лопез му го покажа на Кристијано Роналдо за време на натпреварот против Рајо Валјекано, што значи дека првата ѕвезда на Реал Мадрид ќе може да настапи на претстојниот првенствен дуел со Еибар, пренесе „Дерби“.

Главниот судија направи огромна грешка кога наместо чист пенал, му додели жолт картон на Португалецот, па токму поради тоа одговорните луѓе во шпанскиот фудбал решија да ја прифатат жалбата што ја достави кралскиот клуб.

Ова значи дека Карло Анчелоти ќе може да смета на својот најдобар фудбалер (кој остана на четири жолти картони во Примера) на утрешниот натпревар против Еибар, но, од друга страна, истото не важи и за Тони Крос и Хамес Родригез, кои ќе мораат да ја одработат суспензијата од еден меч поради акумулирани пет жолти картони.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.