fbpx

Охридската бомба „ќе пука“ по Велигден

-

Охрид и Штип се следните градови во кои ќе одекнат „бомбите“ на СДСМ, во рамките на „Вистината за Македонија“.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, претходно изјави дека новиот градоначалник на Охрид, Никола Бакрачески, треба да замине или, во најмала мера, да се посрамоти откако ќе одекне вистината како тој дошол до градоначалничката функција.

Тематските прес-конференции што СДСМ ги прави низ градовите во земјава, се посветени на локални теми, а на нив се објавуваат прислушувани материјали.

„Бомбите“ веќе одекнаа во Струмица, Куманово, Прилеп и во Битола.

Паралелно со локалните „бомби“, СДСМ ќе оддржува прес-конференции и од централата во Скопје, каде лидерот на партијата, Зоран Заев, ќе обелоденува нови делови од „Вистината за Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.