fbpx

Последни подготовки пред утрешниот „Пиво-фест“

-

Во Прилеп утре почнува годинешниот „Пиво-фест“. Се очекуваат повеќе илјади гости од земјава и од странство. Организаторите потврдуваат дека сè е подготвено за годинешната манифестација.

Се поставуваат штандовите, се местат бините, се прават последните координативни состаноци за сè да помине како што треба. Во градот има капацитет за паркирање на повеќе од 20.000 возила и сите гости што ќе доаѓаат со моторни возила ќе бидат причекани уште на самите влезови на градот и ќе бидат упатени таму каде што ќе има слободно место за паркирање.

На 20.000 квадратни метри се поставени околу 30 штандови. Хотелските капацитети и приватното сместување се речиси исполнети, а место се бара и во околните градови. Поради подобра услуга, продолжено е работното време на сите трговски и угостителски објекти во градот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.