fbpx

НБРМ: Економијата закрепнува со солидно темпо

-

Економијата и понатаму закрепнува со солидно темпо, во еден дел поддржана и преку кредитната активност на домашните банки. Економското закрепнување се одвива без ценовни притисоци. Остварувањата во надворешниот сектор и понатаму обезбедуваат одржување на девизните резерви на соодветно ниво, доволно за справување со евентуални непредвидени шокови во иднина.

Ова се вели во соопштението испратено од кабинетот на гувернерот на НБРМ, во кое се известува за одржувањето на редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика, на која беа разгледани состојбите во домашната економија, движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари, движењата во банкарскиот систем и најновите макроекономски показатели во контекст на поставеноста на монетарната политика.

– Ризиците во овој период се поврзани со неекономски фактори, поврзани со домашните политички случувања и со ескалацијата на економско-политичките случувања во Грција (особено во јуни), чиишто ефекти засега се оценуваат како многу ограничени, главно материјализирани преку каналот на очекувањата. Во вакви услови, излегувањето од зоната на приспособлива монетарна политика во следниот период ќе зависи од промените во надворешната позиција на економијата и на ефектите врз девизните резерви, – се вели во извештајот.

Порастот на економската активност во првиот квартал на 2015 година е во рамките на очекуваниот, а се очекува продолжување на порастот на домашната економија и во вториот квартал. Исклучок е индустриското производство, кое во периодот април-мај во просек бележи пад од 3 проценти на годишна основа.

Податоците за пазарот на депозити покажуваат извесна воздржаност на населението во поглед на штедењето во банкарскиот сектор, особено во домашна валута, што покрај сезонските фактори (вообичаената исплата на дивиденди во овој период) е уште еден фактор што придонесува за падот на девизните резерви во овој период.

– Сепак, овие промени се случуваат во релативно краток период, при што неповолните поместувања засега се многу ограничени – се појаснува во соопштението.

Просечното годишно намалување на инфлацијата во 2015 година е резултат на пониските цени кај енергетската компонента на инфлацијата, додека цените на храната и базичната инфлација бележат благ пораст на годишна основа.

Инфлациските остварувања засега се оценува дека се во рамки на проектираните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...