fbpx

Вицепремиерот Пешевски со клоци и со тупаници го нападна Саше Политико

-

Вицепремиерот Владимир Пешевски физички го нападна новинарот Саше Ивановски-Политико додека тој му го поставуваше прашањето „Дали се плашите од новиот специјален обвинител заради тоа што МВР е сега во опозијата, дека ќе бидете уапсени, бидејќи се слуша на снимките дека сте го…“. По ова следува физичката реакција на Пешевски.

На двете видеоснимки се гледа како Пешевски со тупаница го удира Ивановски по главата и со клоца во ногата и дека обезбедувањето реагира за да го смири вицепремиерот, по што го упатува кон автомобилот.

https://www.youtube.com/watch?v=eFjxrZFQhbw

Саше Ивановски вели дека ќе поднесе пријава против Пешевски.

– Тој не само што ме удри, туку по инцидентот со возилото ме следеше до паркиралиштето зад Европскиот универзитет и ми викаше да се качам во автомобилот и ми се закануваше. Сега одам во полициската станица „Беко“ да поднесам пријава, а потоа ќе одам на лекар бидејќи имам удари во главата и по нозете – ни рече Ивановски.

Инцидентот се случи на булеварот Св. Климент Охридски пред кафе-ресторанот „Пастел“, во кој бил Пешевски.

Vicepremiertot Pesevski stotuku izvrsi napad vrz Sashe Politiko vo Pastel vo strogiot centar vo Skopje. Go snimavme so Slavco Dimitrov , sokirani sme, koga minister tepa novinar za obicno novinarsko prasanje

Posted by Biljana Sekulovska-Iva on Wednesday, July 15, 2015

Вицепремиерот задолжен за економски прашања последниве месеци беше во центарот на скандалот со прислушуваните снимки, во кои може да се чујат дел од неговите разговори, но и беше спомнуван во разговорите околу тендерот со Кинезите за изградба на автопатиштата, како и во разговорите околу манипулациите за време на изборите.

Во последните 12 часа, ова е втор напад на новинарот Саше Ивановски-Политико. Синоќа, за време на лидерската средба во резиденцијата на ЕУ на Прижино, новинарот на телевизијата „Сител“, Александар Спасовски-Сарма, го нападна Политико откако му влета во јавувањето во вестите на телевизијата. Политико соопшти дека веќе го пријавил во полиција синоќешниот напад.

Помошникот министер за односи со јавност на МВР, Иво Котевски, на прашањето „Дали МВР е запознаено со случајот со Пешевски и што презема“, кусо по СМС ни одговори: „Сме постапувале и постапуваме по секоја пријава“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...