fbpx

Посебен сообраќаен режим во Скопје в недела, поради Скопскиот маратон и поради снимање филм

-

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека поради одржувањето на „Виз Ер Скопски маратон 2020“ в недела, 4 октомври, со почеток во 8.30 часот во Скопје ќе биде на сила посебен сообраќаен режим, при што полицијата во одредени периоди ќе ги пренасочува возилата и другите учесници во сообраќајот.

Промени ќе има и во трасите на некои линии од јавниот автобуски превоз. Изменетите траси може да ги видите тука.

Учесниците на Скопскиот маратон ќе стартуваат од платото пред Спортски центар „Борис Трајковски“ по ул.„Бледски договор“, десно по бул.„Илинден“, лево по ул. „Љубљанска“, па право по ул.„Московска“, десно по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, на крајот на улицата се врти полукружно назад и се продолжува право по ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“, потоа право по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„11 Октомври“, па лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„Трета македонска бригада“, лево по ул.„Фрањо Клуз“, па десно по бул.„Јане Сандански“ до крајот, пред крстосницата со бул.„Србија“ се врти полукружно назад (на истата коловозна лента). Трасата на трката продолжува по бул.„Јане Сандански“, лево по ул.„Фрањо Клуз“, па десно по бул.„Трета македонска бригада“, лево по бул. „Крушевска Република“, потоа десно по ул.„11 Октомври“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, па десно по бул.„Св.Климент Охридски“, лево по бул.„Илинден“ до целта – платото пред Спортски центар „Борис Трајковски“ во Скопје (2 круга).

Покрај оваа измена на сообраќајниот режим, исто така в недела, ќе има и забрана за сообраќајот на дел од улица Македонија, односно потегот кај хотелот „Бристол“. Времениот режим е поради снимање филм, а ќе трае од 20 часот в недела до 6 часот в понеделник.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...