fbpx

Порталб: Пожарникарите кои се справуваат со пожарите во Тетово немаат доволно опрема

-

Иако се првите кои се борат со пожарите и ги ризикуваат животите, Територијалната противпожарна единица Тетово нема индивидуална опрема, колективна опрема и возила. Командирот на единицата, Ука Алити вели дека бараат само опрема за заштита на граѓаните, бидејќи како што вели, волја за работа имаат. Од друга страна, Општината не е сигурна дали ќе може да обезбеди пари за пожарникарите, пишува Порталб.мк.

Иако во текот на годината имаат изгаснато над 600 пожари, тетовските пожарникари секојдневно се соочуваат со недостиг на работна опрема, што создава неповолни услови за работа.

Командирот Ука Алити, во текот на расправата за буџетот на Општина Тетово за 2022 година истакна дека планот и програмата се готови и дека бараат алатки, опрема за заштита на граѓаните.

„Ние како територијална противпожарна единица во Тетово не се занимаваме само со гаснење пожари и спасување луѓе, туку и со елементарни непогоди кои се случуваат во општина Тетово, и уште пет други рурални општини, што е тежок финансиски товар за општина Тетово, бидејќи ги покриваме и овие пет општини. Верувам дека градоначалникот ќе најде методи и другите општини да ѝ помогнат на општина Тетово во однос на услугите што ги обезбедуваме за другите рурални општини. Како единица имаме големи потреби и за индивидуална опрема, колективна опрема и возила. Сакам да кажам дека стопроцентно сме посветени за граѓаните на Тетово, во моментов и за другите пет општини, а доколку се појави потреба и пошироко. Не финансиски средства туку опрема за заштита на граѓаните“, рече Ука Алити.

Меѓу другото, на дебатата граѓаните ја истакнаа потребата оваа единица да биде опремена со фитнес центар, бидејќи има фитнес сала, но недостига соодветна опрема за вежбање.

Градоначалникот Билал Касами рече дека противпожарната бригада е една од најважните единици, при што тој ќе се заложи посебно за оваа единица, не само за фитнес салата, туку и за други услови кои ќе треба да се исполнат.

„Повторно не можам да кажам со целосна сигурност дали тоа ќе биде од општинскиот буџет, но дека ќе треба повеќе да се посветиме во секторот за локален економски развој и да подготвиме проекти за да аплицираме за надворешно финансирање со цел единицата за заштита од пожари да биде целосно подготвена за работа, рече тој.

Во текот на четвртата седница на Советот на општината, советот изгласа прифаќање на противпожарно возило, донација од УНДП.

Раководителот на секторот за финансии во општината, Фестим Зеќири најави дека се работи за проект во кој се вклучени три општини, Тетово, Желино и Брвеница. Општина Тетово ќе треба да кофинансира во овој дел со 5 илјади евра, и тоа што ќе се реализира во текот на 2022 година, Желино со 5 илјади евра и Брвеница со 2 илјади евра. Кофинансирањето на општините во овој случај е за инсталирање дополнителна опрема која е неопходна за тоа возило. Возилото е од 2021 година, модел ISUZU D-MAX CREW N60B, 1,9 Ddi163hp, а вредноста изнесува 1.774.031,00 денари, без ДДВ.

Инаку, Територијалната противпожарна единица Тетово била формирана по Втората светска војна како единица што го покриваше тетовскиот регион и руралните средини. Денеска брои 14 возила и 74 пожарникари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...