Концертот на музичката група Лајбах и концертот на македонскиот рапер Страјк кои требаше да се одржат на 29 односно 23 октомври, се одложени, информираат од Таксират фестивал, во чиј склоп требаше да се одржат истите.
„Поради моменталната здравствена ситуација и сè построгите ограничувања и мерки, решивме двата наредни настани во склоп на 22-рото издание на Таксират Фестивал – концертот на Страјк и концертот на Laibach, да ги одложиме за поубави времиња, со цел сите кои имаат желба, да можат да присуствуваат“, велат од фестивалот.
Оттаму посочуваат дека досега набавените билети ќе бидат валидни за новите датуми, а исто така отворена е можноста и за поврат на парите преку MkTickets и [email protected]
Билетите остануваат во онлајн продажба на овој линк.