fbpx

По трагедијата во Тетово се одложуваат повеќе настани, Владата на итна вонредна седница

-

По трагедијата која синоќа се случи во Тетово, кога во пожар во модуларната болница во која беа сместени пациенти со ковид-19, животот го загубија најмалку 10 лица, денеска се одложени повеќе најавени настани. Во меѓувреме закажана е итна вонредна седница на Владата од 10 часот утрово.

Така, од Министерството за животна средина информираа дека се одложува настанот за инаугурација на новиот национален парк Шар Планина, кој требаше да се одржи на Попова Шапка.

Од МЖСПП упатија најискрено извинување на сите уважени гости од државата и од странство заради ова непредвидено одложување, а додадоа дека за новиот термин благовремено ќе ја известат јавноста.

„Министерството за животна средина и просторно планирање изразува најдлабока жалост за жртвите во големиот пожар во тетовскиот клинички центар и им посакува брзо закрепнување на повредените граѓани“, се вели во соопштението.

Поради вчерашниот трагичен настан во модуларната болница во Тетово, беше откажана и прес-конференцијата на Фондот за иновации и технолошки развој, која беше најавена за денес во 10 часот.

Од Министерството за образование и наука, исто така, утрово известија дека дека посетата на министерката за образование и наука Мила Царовска на ОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во општина Ѓорче Петров, која беше предвидена за денес во 10:00 часот, се откажува.

Оттаму додаваат дека навремено ќе информираат за нов датум и час на посетата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...