fbpx

Бројот на жртвите во пожарот во Тетово расте, ОЈО побара обдукција за 14 починати

-

Обвинителите издадоа наредби за обдукција и идентификување на телата на 14 лица починати во пожарот, а се испитува и дали има и други починати лица, соопшти утрово Основното јавно обвинителство Скопје.

„За некои од починатите ќе биде потребна ДНК анализа за да се утврди нивниот идентитет. Според првичните сознанија, меѓу починатите нема медицински персонал“, се вели во соопштението.

Основното јавно обвинителство Скопје издало наредба да се обезбедат снимките од видео-надзорот во и околу објектот на Тетовската модуларна болница која синоќа, на денот на прославата на три децении независност, изгоре до темел и однесе повеќе жртви, пациенти заболени од ковид-19.

Од ОЈО Скопје соопштија дека обвинителите кои се на лице место на трагедијата до раните утрински часови ги сослушале вработените во модуларната болница со цел да се утврдат причините за пожарот.

„Увидот ќе продолжи и во текот на денешниот ден, а јавните обвинители заедно со експертите на МВР, ќе ги обезбедат доказите за целосно расчистување на трагичниот настан“, додаваат од ОЈО.​

За вршење непосреден увид на местото на трагичниот настан во модуларната болница во Тетово, покрај тројца обвинители од Основното јавно обвинителство во Тетово, синоќа излегоа и двајца обвинители од Основното јавно обвинителство од Скопје.

На местото на настанот беше и јавниот обвинител на Република Северна Македонија кој присуствуваше и на работата на Кризниот штаб.

Според неофицијалните информации, во моментот на избувнување на пожарот во болницата биле сместени вкупно 24 пациенти.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Костал Македонија“ ќе вложи 50 милиони евра во фабрика за полначи на електрични возила

„Костал Македонија“ ќе инвестира нови 50 милиони евра во изградба на фабрика за производство на полначи за електрични и хибридни возила во периодот од јули 2023 до декември 2026...
Premium WordPress Themes Download
Download WordPress Themes
Premium WordPress Themes Download
Free Download WordPress Themes
free online course
download mobile firmware
Download WordPress Themes
online free course