fbpx

По распишувањето на изборите, српската опозиција бара деблокада на собранието

-

Лидерите на српските опозициски партии и идните претседателски кандидати денеска оценија дека со распишувањето на претседателските избори и со нивното закажување за 2 април е оставен прекраток рок за собирање потписи, а прекинот на работата на парламентот до завршување на изборите го осудија како блокада на институцијата и „државен удар“.

Поранешниот шеф на српската дипломатија, Вук Јеремиќ, во име на опозициските кандидати го повика премиерот Александар Вучиќ да го деблокира работењето на собранието и да поднесе оставка на местото премиер ако се кандидира за претседател.

Досегашниот народен правобранител, Саша Јанковиќ, ја повика власта „да ги врати институциите таму каде што им е место“.

Лидерот на движењето „Доста беше“, Саша Радуловиќ, рече дека Вучиќ го суспендирал парламентот и вовел своевидна вонредна состојба и дека изборите ги закажал за 2 април поради страв од пораз, односно за да го скрати времето за кампања и за собирање потписи.

Лидерот на Либерално-демократската партија, Чедомир Јовановиќ, пак, предупреди дека прашањето за собирање на потписите мора да се реши.

Коментирајќи го распишувањето на изборите, лидерот на радикалите, Воислав Шешељ, рече дека Српската народна партија утре ја почнува претседателската кампања со демонстрации поради доаѓањето на Федерика Могерини во собранието на Србија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...